Џет-Сет
14. September 2017 - 10:11

Замина уште една легенда: Почина познатиот филмски негативец

Светот на филмот остана без еден од најголемите „стандардни мафијаши“.

Френк Винсент, ѕвезда на бројните мафијашки филмови и серии, меѓу кои љубителите на овој жанр посебно ќе го паметат по улогите во „Сопранови“ и „Добри момчиња“, почина на 78. годишна возраст.

Порталот ТМЗ јави дека Винсент починал од компликации при операција на срце по инфаркт.

Винсент  со глума почнал да се занимава во 1976 година, а првата улога му била во нискобуџетниот криминалистички филм "The Death Collector", покрај легендарниот Џо Пеши.

Винсент со Пеши и Дениро соработуваше и во познатите хитови „Добри момчиња“ и „Казино“.

Во текот на кариерата најчесто играше гангстер, а дури го позајмуваше и гласот за видео игрицата “Grand Theft Auto III".