Македонија
28. July 2017 - 18:41

Заложба за нова динамика и квалитет во соработката меѓу централната и локалната власт

Владата и Министерството за локална самоуправа ќе се залагаат за нова динамика и квалитет во соработката меѓу централната и локалната власт, а во таа насока била и денешната работна средба помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

- Главна тема на средбата беше актуелниот момент во кој се наоѓа процесот на комплетирање на децентрализацијата и точките во тој процес кои во наредниот период треба да добијат нова динамика за да бидат финализирани. Премиерот Заев и министерот Фазлиу ги разговараа и модалитетите за поинтензивна и продуктивна соработка на централната власт со единиците на локалната самоуправа, за да се остварат принципите на актуелната влада за покреативен трансфер на власта кон општините во полза на граѓаните, соопшти владината прес-служба.