Македонија
8. December 2017 - 19:15

Заловено кучето што касна девет лица во Аеродром

Град Скопје на својот официјален профил на Фејбук објави дека е заловено кучето што синока нападна деца и возрасни во населбата Ново Лисиче.

Како што се наведува на страната, кучето е пренесено во стационарот Вардариште.

- Кучето кое ги нападна децата синоќа во Ново Лисиче е конечно заловено и процесирано во стационарот Вардариште. Им благодариме на граѓаните за помошта. Се работи за расно куче, веројатно напуштено од својот сопственик. Известете ја полицијата ако го препознаето кучето или го познавате неговиот сопственик, се вели во постот на ФБ профолот на Град Скопје.