Македонија
14. February 2016 - 8:36

Закројување лозја по повод Свети Трифун, министерот Цветков во винаријата „Тиквеш“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе присуствува на одбележувањето на празникот свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите и виното.

По тој повод Цветков ќе ги посети лозовите насади на Винарската визба „Тиквеш“ на локацијата Лепово, а претходно ќе присуствува на манифестација која по повод празникот ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.

Лозја ќе се закројуваат и на други места. Тоа го најави и винаријата „Стоби“ во Градско, општина Илинден органиизра традиционално закројување на лозјата во месноста Ајватовци, а општина Ѓорче Петров најави во манастирот „Св. Трифун“ во Кучково.