Македонија
11. January 2018 - 16:16

Законот за јазици нов предизвик за Уставниот суд - денеска избрани двајца нови уставни судии

Законот за јазици е во духот на уставот и уставните норми смета новоизбраниот судија во овој суд Осман Кадриу. Со носењето на измените во овој закон  се предвидува само  техниката како албанскиот јазик да се имплементира. Второизбраниот  судија Дарко Костовски не сакаше да го коментира донесувањето на законот, своето мислење ќе го соопшти кога евентуално би се поднела иницијатива против овој закон до Уставниот Суд.

Пред владејачкото мнозинство и партиите БЕСА и АЛијанса Костовски и Кадриу дадоа свечена изјава во Собранието.

Функцијата ќе ја вршат  одговорно и согласно принципите на правната држава изјавија новоизбраните судии. Кадриу и Костовски се заблагодарија на укажаната доверба што се избрани.

Дарко Костадиновски е доктор по правни науки на универзитетот Св. Кирил и Методиј во областа на меѓународното право. До именувањето тој беше државен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот Иванов а член на овој кабинет беше уште од 2001 година. Пред 3 години е назначен и на функцијата пратеник во Алијансата на цивилизациите на Обединетите Нации.

Осман Кадриу е доктор по правни науки а предлог за уставен судија доаѓа од академската заедница. Кадриу има повеќедецинско искуство како судија во општинскиот суд, член на републичкиот судски совет и адвокат. Професор  и автор  на повеќе книги од областа на правото.