Македонија
22. January 2018 - 16:32

Законот за јазици на 29 јануари на пленарна седница - ВМРО-ДПМНЕ бара негово повлекување

Законот за употреба на јзиците со кој се официјализираше употребата на албанскиот јазик на целата територија на седница ќе биде ставен на 29-ти јануари. Ова првично било догвоорено на денешната координаци кај Талат Џафери меѓу пратеничките групи, потврдуваат собрнаиските служби. Законот повторно влегува во собраниска процедура откако претседателот Ѓорѓе Иванов пред десетина дена не го потпиша указот за да се објави во службен весник и да почне неговата примена. Шефот на државата го оцени законот како противуставен, а во збелешките со кои го врати законот оспори и даде насоки за 19 од 26 члена кои ги има овој закон.

- „Ветото на Иванов го врати законот за употреба на јазиците директно на собраниска седница, во трето читање. Пратениците ќе имаат право да поднесуваат амандмани на самата седница, но само во однос на забелшките од претседателот“

Народните избраници, два дена пред седницата на 29 ти ќе можат да ги поднесуваат амандманите. Неизвесно е дали амандмани ќе има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој иста така се изјасни дека законот за нив излегува од рамката на Уставот.

Нема одговор ни од СДСМ дали би поднеле нови амандмани, имајќи пред вид дека тие што ги поднеса претходно воопшто не беа разгледани во брзата процедура која ја спроведе Артан Груби од ДУИ во Комисијата за европски прашања.

Единствено Павле Богоевски од пратеничката група на СДСМ на својот Фејсбук Профил напипша дека иако гласал за законот не е сосема задоволен од него и дека некои делови ги смета за против уставни.

- „Тука погрешив. Не требаше да молчам. За прашање кое е толку значајно, требаше да укажам на тоа што сметам дека се недостатоци на текстот и однапред да ги објаснам причините за моето гласање....верувам дека законот не го надминува духот и формата на Рамковниот Договор. Но, имам проблем околу конкретниот текст и неговата применливост. Поточно, се сомневам дека деловите кои се однесуваат на парите и униформите се противуставни.“, напиша тој.

Нема временски ограничувања колку треба да трае пленарната седница за прегласување на вратен закон. Но доколку тој биде изгласан, Иванов ќе мора да го потпише укаозт и законот за стапи во сила.