Македонија
8. October 2015 - 16:58

Закон за бомбите ќе има, ќе се гласа на 20 октомври

Ако законот за бомбите не биде усвоен до 20ти октомври, сам ќе го поднесам но ќе го блокираме изборот на министрите и замениците министри од СДСМ.. Извори од преговорите на работните групи брифираат дека ваков услов добила опозицијата од пратеникот Талат Џафери од ДУИ.

Џафери побарал и добил гараници од генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски дека законот ќе биде усвоен и добил признание дека за ова прашање лидерите се договориле уште во Пржино.

Дека законот не само што бил договорен туку им бил и поделен на партиите меѓу кои е и СДСМ потврди и заменик претседателката на СДСМ Радмила шекеринска. Во интервју за Алсат М го демантираше тврдењето на лидерот Заев дека предлогот на Џафери бил комплетно изненадување.

Со ова Шекеринска целосно ги погази изјавите на Заев и Шилегов кои не признаваа дека законскиот текст им бил веќе доставен.

Според вчерашниот договор, законот кој забранува објава на бомби од прислушувани разговори  треба д асе усвои до 20ти октомври заедно со законот за дојавувачите на корупција . Дека партиите биле согласни за ова прашање информираа и амбасадите на САД и ЕУ.