Балкан
23. April 2016 - 14:22

Заклан навивач во Чачак на договорена тепачка меѓу навивачи

Младиот навивач на Црвена звезда Александар Јаќимовиќ смртно настрада, додека друг се здобил со полесни телесни повреди во закажана тепачка меѓу хулиганите ноќата меѓу петокот и саботата на градскиот плоштад во Чачак.

Момчето имало 21 година и убиено е со нож директно во срцето.

По повод трагичната смрт на навивачот на Црвена Звезда одложен е денешниот фудбалски натпревар меѓу ФК Борец и ФК Црвена звезда, а Фудбалскиот сојуз на Србија и МВР заедно ја донесоа таа одлука.