Свет
2. October 2015 - 18:06

Заканати го налутија - Путин во Сирија испраќа носачи на авиони и ракетни системи

Телевизијата Ал Маџајден тврди дека Русите веќе вежбаат користење на ракети кои би можеле да се користат во Сирија, и дека испратиле бродови кон Медитеранот.

Руското министерството за одбрана разгледува можност да испрати воени трупи за заштита на руските воени објекти во Сирија, но, исто така, и употреба на воените бродови закотвени во Средоземното Море, кои ќе се користат за поддршка на авионите кои извршуваат воздушни напади во Сирија.

Како што беше најавено на телевизијата Ал Маџајден, Русите во нападите ќе разменуваат информации со иранските и ирачките сили, а бродовите веројатно ќе се користат за брзо слетување и полетување.

Телевизијата наведува дека Русите планираат да го употребат ракетниот систем “Топол” во случај на потреба да се заштитат од земја во “највисок степен на борба.”

Ал Маџајден се повикува на изјавата на рускиот полковник Игор Јегоров, кој рече дека се планира воена обука за спроведување на голем број на функции на ракетниот систем, дури и маневрирање во борбени ситуации на патиштата. 

.com/watch?v=JgoMZl-8GjI