Македонија
12. November 2015 - 16:01

Закана за бомбашки напад врз хрватската Државна изборна комисија

Хрватската Државна изборна комисија доби електронска порака со закана дека врз неа ќе биде извршен бомбашки напад, јави Хина. 

Во заканувачката порака се бара пребројување на гласовите, но не е конкретизирано избирачкото место и причините за тоа.

Добиената закана Комисијата ја испрати до Министерството за внатрешни работи.

Загрепската полиција засега не дава коментар за случајот и само потврди дека до Комисијата пристигнал мејл со заканувачка содржина.