Македонија
20. July 2017 - 14:45

Захарова: ФБИ испитува руски државјани во САД

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) посетува и испитува руски државјани што живеат и престојуваат во САД, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на својот профил на Фејсбук.

- Од мој познаник што живее во САД дознав дека нив и нивни роднини ги посетил ФБИ. ФБИ ги испитувал за Русија, напиша Захарова.

Според Захарова, Русите кои биле посетени од агенти на ФБИ се „во шок“.

- Ова нема да остана на само на тоа. Мислам дека се подготвува голема политичка бура, напиша Захарова.