Захариева: Софија и Атина се подготвени да му помогнат на Скопје за реформите
Бугарија и Грција се подготвени да и помогнат на Македонија за спроведување на реформите за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.
- Потребно е прво да се изгради доверба меѓу политичките раководства. Тие имаат долг пат и многу реформи за да започнат преговори за влез во Европската унија. Разговаравме со Грција и подготвени сме да испратиме експерти да и помогнат на Владата да ги спроведе неопходните реформи, рече Захариева во изјава за бугарското радио „Дарик“.
Според неа, пречка за приемот на Македонија во ЕУ беше „политиката на земјата која беше против соседите, против Бугарија, против Грција“.
- Поигрувањето со „ние сме најголемите“ не помага. Македонските граѓани сакаат да се интегрирани. Тоа е една од причините зошто се уште не ги започнале преговорите. Не постои можност европските држави да се согласат со таквата политика, рече Захариева.
Таа оцени дека новата македонската Влада има многу јасен план за реформи и се размислува наскоро да се одржи заедничка седница со бугарската Влада.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово