Свет
23. April 2017 - 21:02

Загинатиот член на мисијата на ОБСЕ во Украина е Британец

Припадникот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој загина во експолозија на мина во источна Украина е британски државјанин, изјави Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.

Во експлозијата се ранети двајца набљудували од ОБСЕ: 

Оклопно возило на ОБСЕ налета на мина поккрај селото Приштив во Донбас.

Според Министерството за државна безбедност на самопрогласената Луганска народна република мината била поставена од украинските сили.