Спорт плус
28. March 2016 - 13:03

Загина велосипедист на трката во Гент

Белгискиот велосипедист Антоан Демоати починал за време на трката Гент-Вевелгем. 25-годишниот Демоати бил удрен од моторцикл, откако претходно неколкумина велосипедисти паднале додека трката минувала низ северниот дел на Франција.
 
„Покрената е истрага која треба да ги утврди околностите кои довеле до трагедијата“, објави француската полиција.
 
Веднаш по несреќата белгискиот велосипедист бил префрлен во болницата во Лил, каде подоцна им подлегнал на повредите.
 
Инаку, 243 километарската, еднодневна трка, Гент-Вевелгем, заврши со победа на светскиот првак во друмско возење, Петер Саган.