Македонија
20. March 2017 - 13:39

Загина тракторист во кумановско

Вчера околу 10.40 часот на шумскиот пат на околу 2 км на влез во с.Алашевце, кумановско, А.Д. (45) од с.Оризари, кумановско, управувајќи трактор се превртел при што од здобиените пореди починал на местото на настанот.

Смрт е констатирана од страна на лекар од Општа болница Куманово. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.