Македонија
24. November 2015 - 17:05

Загина пешак во Тетово

57- годишен пешак го изгуби животот во сообраќајна несреќа во која е удрен од товарно моторно возило на булеварот „Видео Смилевски Бато“ во Тетово.

Полицијата инфомираше дека иако возачот на товарното комбе со друго возило веднаш го однел повредениот во болница, 57 годишникот им подлегнал на здобиените повреди.

Сообраќајката се случи на булевар кој важи за делница во Тетово каде најчесто се случуваат незгоди.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местотопо што ќе се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајката.

По наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на пешакот ќе се изврши обудкција.