Живот
30. November 2016 - 23:03

ЗАГИНА КАКО ХЕРОЈ: Пилотот изведе генијален потег со кој спаси шест животи!

Авионот кој се урна во централниот дел на Колумбија веројатно останал без гориво пред да падне, сметаат истражувачите, а се претпоставува дека пилотот Мигел Алехандро Квирог Мураками (54) намерно кружел пред слетувањето во обид да го согори или отфрли горивото и така да избегне експлозија.

Како што рекле, „Многу е сомнително“ што авионот не експлодирал, туку се урнал на патот од Боливија до Колумбија.

Преживеаните патници им рекле на официјалните претставници дека се уверени, оти авионот остал без гориво неколку минути пред да слета по редоследот на аеродромот во Медалин.

Мигел инаку станал пилот благодарение на својот татко Орландо Кироги кој никогаш не го запознал. Имал само година дена кога Орландо загинал во пад на авионот. Неговиот татко бил само година дена помлад од Мигел кога авионот му се урнал во Боливија. Мигел одлучил да тргне по стапките на својот татко.

Сите пораснавме помеѓу авиони, играјќи си во хангари. Постариот брат Едгар е пилот, јас сум пилот, внук ми е пилот, син ми исто така. Ние сме семејство пилоти“, рекол покојниот Мигел.

Бразилските и колумбиските власти денеска покренаа истрага за падот на авионот кој се урна во централниот дел на Колумбија, а пронајдените „црни кутии“ би можеле да дадат одговор дали несреќата се случила поради технички проблеми или леталото останало без гориво.

На истражувачите од Бразил ќе им се придружат и колумбиските колеги со кои ќе ја истражат содржината на „црните кутии“, пренесе Ројтерс, додвајќи дека во тоа ќе им помогнат и експерти од Британија.

Во падот на авионот во кој беа и фудбалерите на бразилскиот Шапикоесе загинаа 71 луѓе, а шест преживеале. Преживеале три фудбалери, еден новинар и два членови на екипажот.