Балкан
1. August 2016 - 21:27

Загина дете во пекара - Родителите вриштеле кога го носеле беживотното тело на нивниот син

Незапаметена трагедија се случила во недела навечер во белградската населба Борча кога Д.Н (5) паднал во мешалица за леб во се уште неотворена пекара и загинал на лице место. 

Итната помош веднаш пристигнала на местото на несреќата, но на несреќното дете му немало спас. 

Во цело соседство завладеало молк кога слушнале што се случило и кога Итната помош дошла по детето.