Македонија
21. July 2017 - 14:20

Загадена водата од Кадиска чешма во Крива Паланка

Водата од познатата Кадиска чешма во Крива Паланка е небезбедна за пиење, покажуваат најновите испитувањата на Центарот за јавно здравје - Куманово.

Според наодот, во водата има бактерии од фекално потекло и ешерихија коли.

Од Центарот за јавно здравје - Куманово препорачуваат локалното население да не ја користи водата за пиење ниту за производство на храна, а на водата редовно да се врши дезинфекција и кондиционирање.

Раководителот на комуналното инспекциско одделение во Општина Крива Паланка Бранко Велиновски посочи дека ќе се изврши хиперхлорирање на водата од јавната чешма, а услугата ќе ја изврши Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка.