Македонија
3. September 2017 - 16:31

Заев во посета на Израел

Вака започна првиот ден од  официјалана посета на премиерот Заев на Израел, каде тој допатува со бројна владина и бизнис делегација.

 Средбата со изралескиот претседател Ривлин помина во пријателска атмосфера.

Двајцата државници констатираа  дека  двете земји немаат отворени прашања и дека има можност за продлабочување на односите мегу двете страни. 

Ривлин ги поздравил демократските промени во Македонија и реформските определби на новата влада, а Заев истакнал декла искуствата на Израел на безбедносен и економски план се добредојдени и драгоцени. 

Веднаш по средбата, премиерот положил венец на меморијалниот споменик на жртвите од холокаустот, Јед Вашем во Ерусалим. 

Остатокот на денот е реервиран за економски и бизнис состаноци. На агендата за деенска е и мешовитиот бизнис форум на кој главна тема ке биде интензивирањето на економските и деловни врски мегу двете земји. На овој форум бизнисмените од двете земји  ке им можност да се сретнат и разговараат за натамошната соработка.  Заев утре ѓе се сретне и со својот домакин и колега, изралексиот премиер Нетанјаху. 

Во владината делегација  се и министерот  за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министрите за економија, Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кои исто така ќе имаат одделни средби во рамки на ресорните области.

За денеска е планиран и македонско израелски бизнис форум н на кој ќе се се расискутира за интензивирање на деловните врски мегу двете држави.