Македонија
8. јуни 2017 - 16:07

Заев во понеделник патува во Брисел

Посета на седиштето на НАТО и средба со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг ќе бидат на понеделничката агенда на високата владина делегација која патува во Брисел. Заев ќе го предводи владиниот тим во кој ќе бидат и првите луѓе на одбраната и дипломатијата, Шекеринска и Димитров.

Ова ќе биде прва посета на Заев на Брисел по изборот на новата влада. Очекувањата се дека на средбите ќе биде потенцирана потребата од спроведување на реформската агенда како и решавање на спорот со Грција како пречка за интеграциите на земјата. Во своето последно интервју премиерот изрази оптимизам Македонија да добие покана за членство во НАТО под времената референца додека отвореното порашање во Грција би се решавало паралелно со процесот на приближување кон Европската Унија. Засега грчката страна останува на своиоте позиции за решение па отстранување на ветото за прием во Алијансата.

Владината делегација во понеделник ќе оставри средби и со европските челници, Јункер, Могерини и Хан со кои како што најави Заев, ќе се прецизираат роковите за итните реформи неопходни за добивање датум за преговори.