Македонија
24. November 2016 - 16:41

Заев во Кичево промовираше дел од пректите на партијата

Коалицијата предводена од СДСМ вчера на третиот ден од предизборната кампања одржа митинзи во Демир Хисар и Кичево. На митингот пред кичевчани се обрати лидерот на опозицијата Зоран Заев. Тој промовираше дел од проектите во програмата со која ќе ги бараат гласовите предвремени парламентарни избори.

На плоштадот во Кичево пред пристутните членови и симпатизери на СДСМ и нивните коалициони партнери зборуваше и носителот на пратеничката листа во 5-тата изборна единица Радмила Шеќеринска.

На почетокот на митингот пред своите сограѓани зборуваа и кандидатите за пратеници во петтата изборна единица на листата на СДСМ и коалицијата.