Македонија
7. December 2017 - 16:22

Заев во Бугарија: Македонија може да биде транспортен центар на Балканот

Со 150 милиони долари Светска банка ќе ги подржи земјите од Западен Балкан побрзо економски да се поврзат. Проектот ќе обезбеди поевтин, полесен и побрз проток на луѓе и стока преку границите како и подобра патна инфраструктура. Долгорочно,  од него шесте земји од Балканот ќе имаат поврат од милијарда долари. Поддршката денеска ја најави извршната директорка на Банката, Кристалина Георгиева, на конференцијата во Софија на која присуствуваа премиерите од регионот на покана на нивниот бугарски колега.

Прмеиерот Заев на конференцијата порача дека поврзувањето на овие шест земји ќе ги направи многу поатрактивни за странските инветситори.

Приоритет на Македонија во процесот на поврзување со земјите од Западниот Балкан е подобрувањето на инфраструктурата, особено преку изградба на коридорите 8 и 10.

Порака за обединување на регионот за поголем економски развој испрати и еврокомесарот Хан, а домаќинот, премиерот на Бугарија Борисов најави силна поддршка откако неговата земја од Нова година ќе го преземе претседавањето со Унијата. Според извештаите на Светска банка овој регион, без реформи и поврзување дури за 60 години ќе го дистигне стандардот на ЕУ.