Македонија
8. July 2015 - 16:48

Заев вети фабрики во Сачево во уште 2011-та - Сачево и денес е празна ливада

Наместо странски инвестиции и нови работни емста, празна ливада на која не никнува ниту трева. Индустриската зона Сачево во Струмица е споменик на лажните предизборни ветувања на струмичкиот градоначалник Зоран Заев.

Во 2011та Заев вети дека на ова место ќе никнат 16 нови фабрики од кои 4 на странски инвеститори. На струмичани им ветуваше 1500 нови работни места.

4 години подоцна Сачево нема ниту инфраструктура.

Лажното ветување на нови работни места го дополнува списокот на неостварени ветувања за нови улици, патишта и водоводи.

Поради серијата неостварени проекти се погласни се барањата за оставка на градоначалникот и распишување на нови избори за градоначалник уште оваа есен.

Струмичани реагираат што нивната општина е единствената каде во пракса нема градоначалник иако тој беше избран на последните локални избори.

Неодамна стана познато дека градоначалникот кој ја предводи опозициската СДСМ не само што не одел во потрега по странски инвеститори туку лажно им ветувал и на оние кои сами сакале да инвестираат во општина Струмица па така компанијата Антура на која и понудил земјиште со нерегулиран статус наместо во Струмица инвестираше во Кочани и веќе отвори погони и нови работни места.