Македонија
22. October 2017 - 20:56

Заев: Субвенции и земјиште ќе добиваат вистинските земјоделци

Изградба на современен откупен и дистрибутивен центар, надградба на канализацискиот систем, централна санитарна депонија и целосна поддршка од Владата, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот митинг во Росоман.

Заев вети и поддршка за еколошко производство, капитални проекти за улици, водоснабдување, доволно места во градинките, а особено за земјоделството.

- Јас сум првиот премиер што е роден во село, што работел земјоделие, што знае што е потта на земјоделците, што знае како е да влезеш во пластениците на 40 степени надвор, а внатре да работиш, кој знае што е мотиката, што е прскање, копање, берење и што знае на крајот како некој на откупниот пункт те понижува со проценка на цените или давање на најниски пазарни цени на земјодлексите производи, рече Заев.

Земјоделско земјиште под закуп во иднина ќе добиваат вистинските земјоделци, додаде Заев и најави дека за тоа ќе се одлучува на собир на месни заедници на чија етриторија е земјиштето.

- Државата и градовите ќе ни ги биде ако ни живеат селата и ако ни оди земјоделството напред и затоа не само што ќе има субвенции, тие ќе растат и ќе дојат до вистинските земјоделци. Сите концесии кои се незаконски доделени и не ги работат вистински земјоделци ќе ги укинеме, порача Заев.

На жителите на Росман им вети и поддршка за праските и за грозјето, како и за градинарските и за индустриските култури.

Најави дека субвенциите ќе растат пропорционално како расте квалитетот и количините во земјоделското производство, ќе мора да имаат конечна цел и ефект, а не да се делат по партиски штабови како социјална помош.

Претседателот на СДСМ на митингот во Росоман беше придружуван од лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.