Македонија
10. February 2016 - 23:24

Заев со фалсификатите на Чауш одби кладба со Латас

Со фалсификувани материјали и имотни листови вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев мафташе и се закануваше во интервјуто со главниот уредник на Сител Драган Павловиќ Латас, тврдејќи дека Латас поседува цела планина. 
 
- Ова е имотен лист со 454.000 м2 имот на Кожуф, по 10 евра да е квадрат имате имот од 4,5 милиони евра, изјави Зоран Заев на Сител.
 
- Може ли да ве тужам, ова не е вистина, може ли да се кладиме за ова? Не бегајте, ајде да се кладиме - изјави Латас
 
- Немам јас што со тебе да се кладам.
 
- Без оглед колку ќе досуди Судот, може ли да се кладиме, бидејќи јас немам имот на Кожуф, ова е лага, да се кладиме: ако јас ве добијам- да земам едно од поршињата кои ги возите вие кланот Заеви, она што го вози вашиот брат- предложи Латас.
 
Претседателот на СДСМ потоа се обидуваше да го измести вниманието од завршните сметки на УЈП според кои кланот Заеви имаат обрт од 205 милиони евра.
 
- Да се ставиме во обратна ситуација, еве вие тврдите дека не се точни податоците на УЈП и дека имате заработено 43 милиони евра. Ајде обратно, вие тужете - побара Латас, на што не доби одговор од претседателот на СДСМ.