Македонија
18. January 2017 - 16:15

Заев се враќа во базата, раководството на СДСМ својата прва посета ја реализираше во Арачиново

За прв пат по изборите вчера раководството на СДСМ реши да излезе на терен. Оливер Спасовски и Љупчо Николовски се вратија во базата во скопско Арачиново.

Жителите велат дека биле таму за да проверат дали функционира механизацијата која на арачиновци им ја донеле од СДСМ

Експертите во албанскиот политички блок во дилема. Дали во Македонија нема други места кои се соочуваат со проблеми поради снегот за да може СДСМ да им помогне или пак, посетата на Арачиново е порака испратена до албанскиот политички блок за да се знае, кој ги контролира албанските гласачи во Македонија.

Општина Арачиново ја води градоначалник на ДУИ, па експертите се сомневаат дека Заев сака да му испрати порака на Ахмети дека е време интегративците да си заминат од негова територија.
Додека СДСМ чисти низ Арачиново, општината на Заев, Струмица се дави во снег, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека додека Заев носи багери во Арачиново во Струмица безуспешно се чисти со импровизирани трактори.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев веќе подолг период не се грижи за граѓаните на СТрумица и дека единствено што го интересира се бизнисите и тендерите кои му ги дели на своето семејство и пријателите.