Македонија
2. October 2015 - 16:18

Заев: СДСМ не ги опструира преговорите

Преговорите за излез од политичктата криза треба да продолжат со почитување на сите договорени рокови, смета лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој демантира дека опозицијата е таа која го кочи преговарачкиот процес со цел да продолжи со објавување на бомбите.

Заев смета дека изборот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е со поддршка од сите политички партии и таа има целосна автономија во својата работа и при составување на својот тим, кој има огромна обврска пред граѓаните.