Македонија
12. March 2018 - 11:25

Заев: Решение, кое ќе ги зачува идентитетот и достоинството на двете земји

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека посакува Македонија и Грција во преговорите за спорот околу името да пронајдат решение, кое ќе ги зачува достоинството и идентитетот на двете страни.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со се позачестените иницијативи од грчка страна за менување на македонскиот Устав, Заев напомена дека сака да му даде шанса на преговарачкиот процес.

- Според мене, разговорите кои траат не приближуваат кон решение. Секако, не е лесно со пораките што се испраќаат во јавноста, се работи за сериозно прашања, кое 25 години не може да се реши. Не би давал детални коментарни заради тоа што искрено посакувам решение на овој долгогодишен проблем, кој ќе го зачува достоинството и идентитетот на двете страни во преговорите, рече Заев.

Тој не даде одговор кога точно очекува во Скопје да пристигне македонскиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија, кон крајот на месецов се очекува да допатува во Скопје. Тој ќе слета на скопскиот аеродромот, откако Владата направи отстапки во преговорите со Грција, а една од нив беше смена на името на аеродромот. Коѕијас се очекува во Скопје да ја донесе грчката нацрт-спогодба за решавање на спорот.