Бизнис
5. July 2017 - 19:42

Заев: Ребаланс на Буџетот до петок. повеќе пари за поддршка на стопанството

Прекројување на буџетот, кратење на непродуктивните трошоци, повеќе пари за капитални инвестиции и секторите кои ќе значат поддршка на бизнисот и отворање нови работни места.

Премиерот Заев пред бизнис заедницата најави дека ребалнасот би требало да се изгласа пред распуштање на Парламентот,  до 2 август, а парите кои биле планиранирани за непотребни трошња, ќе бидат прераспределени во секторите кои ќе криераат раст на стопанстното и економиајта.

Вети сериозни пари за домашните компании, во фирмите  кои ќе го поддржат претпримеништвото и ќе вработат млади кадри.  Пред бизнис заедницата порача – ќе го добиваат истиорт третман како и странските

Владата нема да биде работадавач, туку ќе биде партнер на  стопанството, вицепремиерот  Анѓушев вети дека оваа влада нема да толерира  нелојална конкуренција, туку ќе ги поддржува извозно ориентираните компани

Бизнисот препорача сет мерки за подобрување на деловната клима. Бараат цврста  гаранција на приватната сопственост, ефикасна законска регулатива , заштита на сопственоста и договорите, поттикнување на извозот,  задолжителна  консултација со бизнисот пред донесување  нови закони,  поголема незавиосност на регулаторните тела како и создавање кадар  во согласност со потребите на бизнисот.