Македонија
1. јуни 2017 - 0:19

Заев: Рацете на политичарите далеку од правото и правната држава

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето вечерашно обраќање пред пратениците порача рацете на политичарите да биле далеку од правото и правната држава, а ако доколку некој се дрзнел да влијае врз обвинител, или врз судија, подобро сам да си дал оставка.

-Сакам да знаат сите, овде пред јавноста, ако некој се дрзне да влијае врз обвинител, или врз судија, подобро сам да си даде оставка, оти ако не го стори тоа, јас ќе дадам предлог за негово разрешување. Само така ќе ја вратиме правната држава, само со личен пример и со политичка волја и мотивација. Далеку рацете на политичарите од правото и правната држава, рече Заев.