Македонија
26. December 2017 - 16:45

Заев: Првата половина на 2018. година одличен период за решавање на спорот за името

Премиерот Заев е оптимист за решавање на спорот за името во првите 6 месеци од 2018та.

Вели дека сѐ уште нема суштински разговори за решението, но оти има решителност за решевање на овој проблем.

Заев го потврди ставот на владата за последната изјава на вице премиерот Анѓушев кој порача дека се прифатливи сите префикси на името како можен компромис.

Претседателот Иванов во годишното обраќање порача дека е реалист и дека треба претпазливо да се влезе во процесот за решавање на спорот.

Нова рунда преговори за името се најавени за по божикните празници. Медијаторот Нимиц и преговарачите договорија редовни средби во јануари февруари и март. Нимиц по разговорите во декември излезе со став дека прашањето треба да се реши во 2018 година, но оти „нема волшебно решение за ново име што може да се појави од никаде и да го реши прашањето“.