Заев: Повеќе средства за руралните општини
Лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Старо Нагоричане од Коалицијата предводена од СДСМ Жаклина Јовановска побараа поддршка од жителите за вториот круг од локалните избори.
Заев вети дека граѓаните нема да ги дели ниту по етничка, ниту по политичка линија и најави дека централната власт ќе инвестира во руралните општини.
Потсети дека последниве месеци се заштедени 45 милиони евра, воведена е дневна евтина тарифа на струјата, укината е радиодифузната такса. Минималната плата е зголемена на 12.000 денари, а донесен е и Законот за стечајци.
- Во 2018 година субвенциите ќе бидат зголемени до 160 милиони евра, но ќе пристигнуваат до вистинските земјоделци и тогаш кога им требаат. Дополнително порастот на субвенциите ќе биде мотивирање за земјоделците, рече лидерот на СДСМ. Тој најави поддршка за сточарството и заштита на домашното производство со отварање пазари и откупни центри.
Новата влада, како што рече, ќе ги поддржи сериозно сите општини во Македонија, посебно руралните бидејќи тие имаат најмал капацитет за раст и развој. Заев потенцира дека со поддршка на Владата финансиски ќе ја стабилизираат општина Старо Нагоричане. Најави дека подземната инфраструктура, водоснабдителните и канализациски системи ќе бидат директно поддржани преку Министерството за транспорт и врски со сериозни финансиски средства. Вети дека во Младо Нагоричане ќе биде завршен водоводот и ќе има здрава вода за пиење за граѓаните, а проектите за депониите ќе бидат поддржани од централната власт и оти секое село ќе добие асфалт.
- До крајот на мандатот ќе стигнеме до еден процент од БДП, трансфер од централната власт за сите општини во Македонија, едне процент од БДП значи 95 милиони евра дополнителни пари за сите општини. Со тие пари ќе решаваме сериозни инфраструктурни и комунални проблеми на граѓаните ширум цела Македонија. Најголем дел, 70 проценти ќе дојдат за руралните општини како Старо Нагоричане, Карбинци, Росоман и многу други во Македонија затоа што тие немаат сериозни индустрии за да земаат комуналии од голем аспект, за да ги полнат своите буџети, рече Заев.
Кандидатот за градоначалник Јовановска најави дека со поддршка на централната власт ќе бидат решени инфраструктурните проблеми во Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово