Македонија
24. February 2018 - 16:59

Заев очекува зголемување на парламентарното мнозинство - Грчева со ,,Глас за Македонија‘‘ ќе се бори за уставното име

Нови пратнеици во владејачкото мнозинство и реконструкција во Владата. Премиерот Зоран Заев највува големо проветрување на владините кадри за оние кои не ги постигнале очекуваните резултати, но и нови министри од нови политички партии.

Најавите на премиерот доаѓаат во време кога се случува раскол во Движењето БЕСА, а петте пратеници на оваа партија се обидуваат да направат нови пратенички групи. По днешениот конгрес на кирлотот на Биљал Касами ќе се знае нивната распредел.а Засега двајцата пратеници кои се препишуваљат на крилото – Фадил Зендели и Теута Биљали се зборува дека се поблиску до соработка со двајцата пратеници на Зијадин Села.

Арбен Таравари од Алијансата на Албанците, кој му беше гостин на Касами, не ја потврдува соработката, но остава простор за такво нешто во иднина. Таравари дури не исклучува да влезе во Владата на Заев доколку стигне таква понуда.

Во јавноста веќе имаше информации за тоа дека тројцата пратеници на чело со Африм Гаши заедно со двјцата на ДПА на Мендух Тачи би била новата пратеничка група кој би претендирала да влезе во владата на Заев.

Во меѓувреме, поранешната пратеничка од СДСМ и сопартијка на Заев - Солза Грчева формираше нова партија  „Глас за Македонија“ која ќе дејствува опозициски.

Како што вели лидерката, партијата ќе се обиде да воведе нова култура и однесување на политичката сцена.