Македонија
25. December 2017 - 16:21

Заев очекува ВМРО-ДПМНЕ со Мицковски да биде конструктивна опозиција

Сите знаења ќе му бидат потребни на докторот по машинство Христијан Мицкоски за да ја врати повторно во погон машината на ВМРО-ДПМНЕ. 40 годишниот професор на машинскиот факултет во Скопје доаѓа на чело на најголемата политичка партија во Македонија во време кога таа се наоѓа во опозиција по 11 години поминати на власт.

Мицкоски е оженет и татко на две деца. Во импресивната професионална биографија стои една магистратура и еден докторат на Машинскиот факултет во Скопје како и повеќе од 100 научни трудови и серија меѓународни награди и признанија за иновации во техничките науки.

Во партиското портфолио на Мицкоски високите функции се нижат во последните години, додека во минатото бил дел од партиските републички изборни штабови.
По Конгресот на кој партијата ги покажа сите свои различности, Мицкоски најавува обединување и брзо враќање на власт.

Првите честитки за изборот на Мицкоски стигнаа од Европската народна партија а денеска и од премиерот Заев

Христијан Мицкоски е третиот претседател во 27 годишната историја на ВМРО-ДПМНЕ. Пред него, Груевски со партијата владееше 14 години од кои 11 помина на Власт. Љубчо Георгиевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ беше 13 години. Од нив, 4 помина на власт.