Македонија
16. March 2018 - 17:31

Заев најави почеток на преговори за зголемување на парламентарното мнозинство и реконструкција на владата

Зголемување на парламентарното мнозинство и реконструкција во Владата ќе има, но кој се ќе влезе во владиниот состав се уште не се знае. Премиерот Зоран Заев по втор пат најавува нови партии и пратеници во владејачката коалиција до крајот на пролетта. Кои ресори и кои кадри ќе бидат дел од Владата, според Заев ќе зависи од договорите кои ќе бидат постиганти со новите партнери, но кои во целост треба да ги прифатат реформите и постојната владина програма.

- Почнуваме процес на зголемување на парламентарното мнозинство што ќе значи испраќање сериозна порака до граѓаните, до стопанството, до општеството дека Владата има намера преку посилно и стабилно мнозинство цо Собранието да носи сериозни одлуки во Република Македонија, кои, како што наведе се на повидок и доаѓаат...Веројатно ќе разговараме со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ, истакна Заев по денешниот Форум за владеење на правото во ЈИЕ.

Најмногу простор за соработка Заев ќе има со алабанските партии во опозиција. И двете крила на БЕСА покажуваат афинитет за влез во Владата. Гаши располага со тројца пратеници од БЕСА, додека Касами со двајца. Гаши се смета за поблизок до соработка со ДПА на Тачи со што би се формирала пратеничка група од пет пратеници, додека пак, Касами со Алијансата на Албанците на Села.

Неофицијалните информации од крилото на Гаши се дека од последната средба со Заев во Владата пред речиси еден месец, нова средба Гаши-Заев немало. Комуникацијата е сведена на неколку контакти меѓу партиите. Официјално од оваа струја на БЕСА велат дека преговори за влез во Владата уште не се почнати. И од кај Касами со слични пораки. Последната средба е она меѓу Касами и Заев од јануари.  Сепак, од однесувањето на пратениците на БЕСА во парламентот јасно е дека  за одредени прашања тие веќе се однесваат како дел од владинотот мнозјснтво, а често го обезбедуваат и кврумот за работа во параламентот.

Од Алијансата на Албанците вчера не одговорија дали повторно и под кои услови би влегле во коалиција со Заев и Ахмети. На партискиот Конгрес во саботата Села упати критика до Заев и порака да не се меша во албанската опозиција.

Гласањето по законот за јазиците пак, потврди дека на свое конто Заев во Собранието ги има и Амбди Бајрам и Чеодмир Саздовски, кои претходно од коалицијата во ВМРО-ДПМНЕ излегоа како независни пратеници.

Од друга страна, Заев потврди дека се уште активни се и работните групи со ВМРО-ДПМНЕ за реформите во правосудството, изборниот законик и финансирањето на политичките партии.