Бизнис
25. February 2018 - 16:28

Заев: Надлежните министерства од Македонија и Србија ќе го решаваат проблемот со увозот на српско брашно

Надлежните министерства на Македонија и Србија во текот на денот ќе  разговараат за надминување на проблемот со брашното, изјави премеирот Заев. Ова доаѓа откако асоцијацијата на мелничари и пекари од таму  ги обвинија властите во земјава дека со мерките кои ги вовеле  направиле  увозот на српското брашно  да биде  неисплатливо и практично со тоа го блокирале. Побараа Србија веднаш да воведе контра мерки за увоз на земјоделски производи од Македонија.

Заев се надева дека проблемот брзо ќе се реши затоа што тоа е во интерес на двете земји.

Тој уверува дека проблемите во мелничарската индсутрија нема да донесат повисока цена на лебот. Резерви на жито има, а постојат и механизми преку  кој може да се спречи поскапување.

Со новите мерки за увоз на брашно од Србија, тоа ќе се извезува без маркичка , па се складира и откако ќе ги помине сите фитосанитарни прегледи тогаш ќе се обележува. со ва велат трговците од таму значително се зголемуваат трошоците за извоз поради што бизнисот со Србија станува неисплатлив.

Речиси секоја година Макоднија и Србија се во кавга поради брашното. Но проблемите се надминуваа со преговори  меѓу надлежните минисерства.