Македонија
25. October 2016 - 16:21

Заев: На листите на СДСМ ќе има претставници од сите етнички заедници

Студентски град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студентските домови, инкорпорирани фитнес и кино сали, библиотеки, ресторани, бесплатен интернет, студентска картичка за користење јавен превоз.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата со студенти пред градската библиотека “Браќа Миладиновци” најави мерки за како што вели подобрување на условите за младите во Македонија.

Според Заев време е партиите да ги тргнат рацете од сите органи и тела на младите и студентите за секој да може да добие фер шанса за згрижување во студентските домови.

Заев изјави дека средбите со младите ќе продолжат и во следниот период на кои ќе се дискутира за проектите кои партијата ги подготвува во следниот период.