Заев на 20. Тортијада на Здружението на лица со инвалидитет „Мобилност“
Премиерот Зоран Заев синоќа се обрати на 20. „Тортијада 2017“ што се одржа во Банско, во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев им ветил поддршка на членовите на ова Здружение и им посакал успех на учесничките на Тортијадата.
- Верувам дека бројката беше едноцифрена кога првпат присуствував овде, а сега сме на 20-та Тортијада затоа што си ветивме дека без разлика каде не носи патот во нашиот живот, остануваме заедно да го споделуваме задоволството од она што претставува традиција, од она што претставува вредност преку дружењето, да градиме пријателства коишто навистина се вредни и на коишто сите им се радуваме, истакнал Заев.
Премиерот изразил задоволство што е дел од манифестацијата и што се дружи со лицата од „Мобилност“.
- Ве сметам за искрени пријатели. Стоиме на располагање меѓусебно да си помагаме и да се поддржуваме заради тоа што навистина животот е полесен кога градиме пријателства и кога меѓусебно си помагаме, истакнал Заев на манифеастациајта.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората