Македонија
16. October 2017 - 17:26

Заев – Марковиќ: Земјите од Западен Балкан мора да соработуваат, самостојно да донесуваат одлуки и да ги спроведуваат

Македонија и Црна Гора се пријателски држави кои немаат отворени прашања и тоа е одлична база за вистинско развивање на односите на сите нивоа, во интерес на граѓаните на двете земји. Овие две држави можат многу да си помогнат и на полето на евроатланските интеграции, истакна Премиерот Зоран Зоран Заев по средбата со неговиот црногорски колега Душко Маровиќ.

Директната комуникација и отворениот дијалог се единствен пат за надминување на недоразбирањата, за стекнување на доверба со цел мирен и просперитетен Западен Балакан, порача Маровиќ.

На средбата било разговарано и за проширување на соработката во областа на економијата и инфраструктурното поврзување. Во иднина ќе се бара модел и за воспоставување на авионска линија Скопје – Подгорица.