Македонија
10. February 2016 - 23:33

Заев лицитира со бројот на прислушувани разговори

Претседателот на СДСМ Заев уште еднаш јавно лицитираше со бројката на прислушувани раговори која СДСМ ја поседувал и предал во специјалното јавно обвинителство.
Тој веднаш се повика на прислушуваните разговори, но Латас рече дека станува збор за криминално стекнати матеирјали.
 
Уредникот на Сител потенцираше дека никој во светов не посегнал по вакви криминални методи.
Латас го праша Заев каде се неговите разговори.
 
Заев рече дека се што поседува доставил до Специјалното јавно обвинителство и кажа дека доставил 1 милион и 50 разговори.
 
- Сакате да ја знаете вистината?-рече Заев.
 
- Сакам.- одговори Латас.
 
- Милион и 50 илјади разговори доставив до обвинителството- рече Заев. Тој рече дека нема записник за предадените материјали.
 
- Па чекајте, прво рековте 40.000, па 240.000, па 600.000 прислушувани разговори, сега викате милион и нешто и на крај ќе испадне дека имате 2 милиони разговори за 2 милиони граѓани на Македонија - заклучи Латас.
 
Заев и натаму тврдеше дека се што имале доставиле до специјалното јавно обвинителство.