Македонија
24. July 2017 - 16:14

Заев: Ќе ги подобриме односите со соседите, Македонија 30-та членка на НАТО

По секоја цена ќе градиме добри односи со сите соседи вели во интервју за босанската Н1 премиерот Зоран Заев. Цел на ниовата влада во Македонија е да се подобри соработката за доброто на граѓаните.

Заев во интервјуто вели дека е реално неговото ветување дека Македонија ќе б иде 30та земја членка на НАТО, но не открива кое е прифатливото решение во спсорот за името со Грција.

Тој најави дека на први август очекува со Борисов да стават потпис на утврдениот договор, оценувајки дека со Албаниј, Косово и Србија, Македонија има одлични односи.

- Огромна е фрустрацијата што 12 години стоиме во место како земја кандидат за членство, а направени се многу реформи  и многу работи се унапредени пред се за подобар живот на граѓаните. Мислам дека и грција ќе има корист ако Македонија стане земја членка..

Заев во интервјуто за Н1 вели дека регионот мора да се европеизира за да оди напред, а тоа според него се постигнува само со борба за правата на малцинствата.

- Ние политичарите сме криви, овие рани овде се зошто се борев за малцинствата

Премиерот Заев во интервјуто најавува борба за победа на претстојните локални избори потврдувајки дека е во тек  селекцијата на најдобри кандидати во СДСМ, кои нема да бидат само партиско решение туку и личности кои ќе го привлечат гласот на народот.