Македонија
21. February 2017 - 23:03

Заев ја продава и редефинира Македонија во Речица!

 
Очигледно она на што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите доколку не добие убедливо мнозинство во Парламентот започнува да се остварува.
 
Имено, Зоран Заев започнува со неговиот план за редефинирање на државата.
 
Тој и крои капа на цела Македонија вечерва токму во седиштето на ДУИ во Мала Речица, договарајќи се за платформата на Рама за прекројување на Македонија и нејзино редефинирање, практично одработувајки нов Рамковен договор.
 
Заев иако ја нема поддршката од мнозинството Македонци, вечерва тој разговара за повеќе отворени прашања меѓу кои- воведување на двојазичност, претседател на највисоката собраниска инститиција Албанец, како и за идејата за промена на парите, химната и останатите државни обележја.
 
Практично идејата е сите институции кои ја симболизираат државата, покрај табла на македонски да имаат и табла на албански јазик, освен тоа планот првичен е тоа да се одвива во фази- првиот пакет јазични бенефиции кои би ги добиле Албанците и втор пакет на сите болни прашања за Македонците кои би се исполниле за 6 месеци потоа.
 
Засега нема потврда дали е на повидок нов договор, но очигледно Заев прави неповратна штета за унитарноста на македонската држава, наметнувајќи нов Рамковен договор преку негово репреговарање.