Бизнис
8. November 2016 - 20:41

Заев: И ние ќе земаме кредити ако дојдеме на власт

Ќе има нови кредити и ако СДСМ дојде на власт, вели лидереот на најголемата опозициска партија. Иако партијата е најголем критичар на власта во однос на долгот на земјата, сепак Заев вели дека задолжување мора да има.

– Не дека во Македонија ќе нема нови кредити. Ќе мора да има. Но тие ќе бидат само за капитални инвестиции и проекти кои што ќе враќаат пари во буџетот на Македонија. Тоа е рационалниот пристап – истакна Заев.

Во изминатиот период СДСМ постојано критиикува дека власта ја турка Македонија во „грчко сценарио“. Истовремено, податоците на европската статистика покажуваат дека Македонија е меѓу најниско задолжените земји во регионот и во Европа.

Во реакција на обвинувањата на опозицијата за висината на јавниот долг, Министерството за финансии објасни дека во изминативе години Македонија има интензивни инвестициски активности во инфраструктурата, како изградбата и рехабилитацијата на патните и железничките делници на Коридорите 8 и 10, изградбата на регионални и локални патишта, гасификацијата, а преку кредит од Европската инвестициска банка во вредност од 350 милиони евра, во време на светската криза беше поддржан приватниот сектор со субвенционирани кредити за малите и средни претпријатија.

Дополнително, Министерството ја праша опозициската партија на што ги потрошиле кредититите што тие ги земале кога биле на власт.