Македонија
7. May 2017 - 16:15

Заев: Генерален резибор во судството ќе има

Ние докажавме дека нема правна држава во Македонија. Ветивме и чиста ни е состојбата по ова прашање – распуштање на судството и негов реизбор, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Интересот на граѓаните, се разбира. Ние најавивме многу значајни мерки, кои што, некои се врзани дури и со рокови. Многу родители, многу наставници, многу деца чекаат да го укинеме екстерното тестирање, заради тоа што тоа е на крајот на мај или на почетокот на јуни, за да бидат начисто, оти и психолошки делува, верувам, и на целиот образовен процес при финишот на учебната година. Тука е укинувањето и на радио-дифузната такса, враќањето на евтината тарифа, веднаш донесување на закон за медиуми... одредени социјални мерки, коишто ги ветивме, се возможни без какви било промени на буџетот веднаш како законски решенија. Се плашам каков ќе биде тој прв момент кога ќе ги видиме сите тие „мечки“ што ќе излезат, но нема друга алтернатива, тоа е нашата земја, нашиот народ и верувам дека ќе успееме веднаш да ги нормализираме работите. Меѓу првите работи ќе биде, секако, и зголемувањето на минималната плата. Многу вакви решенија се веќе подготвени и јас верувам дека крајот на мај, почетокот на јуни ќе бидат донесени и секако едно решение кое мораме да го донесеме во Парламентот е промена на изборниот законик, заради одложувањето на локалните избори, верувам за на есен, но тоа го планираме во согласност со сите парламентарни партии, изјави Заев за Радио Слободна Европа.