Заев: Догодина значително поместување на евроинтегративните процеси
Шпанија останува силен поддржувач на политиките на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО, рече денеска новоименуваниот амбасадор Емилио Лоренцо Сера на средбата со премиерот Зоран Заев.
Сера во овој контекст порача дека резултатите ќе се видат.
Премиерот Заев, пак, истакна дека 2018-та ќе биде година од исклучителна важност за Македонија бидејќи, според неговите очекувања, ќе бидат значително поместени и ќе добијат нова реалност овие процеси кои повеќе години, оцени, беа запрени и ставени во втор план.
Заев воедно изрази очекување дека Кралството Шпанија, како докажан поддржувач на Република Македонија, ќе продолжи да не поддржува во нашите напори за членство во НАТО и во ЕУ.
Претседателот на Владата го информира амбасадорот дека Република Македонија со внимание ги следи актуелните настани во Шпанија и е уверена дека за отворените прашања, шпанското општество ќе најде решение согласно Уставот на државата.
Заев го информира Сера и за текот на локалните избори во Македонија, Истакна дека веднаш по нивното завршување, следува период во кој владините министри ќе ги забрзаат процесите за економски раст на земјата.
Двајцата соговорници се согласија дека Македонија и Шпанија имаат традиционално добри и пријателски односи. Премиерот Заев изрази подготвеност за интензивирање на врските со бизнис елитата на Шпанија за да се зајакне, како што рече, економската соработка меѓу двете земји. И за абасадорот Сера тоа е еден од приоритетите. Шпанскиот дипломат смета дека има простор за интензивирање на билатералната соработка на највисоко ниво.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден