Македонија
21. јуни 2017 - 11:36

Заев: Бугарија ни даде сигнал за искрено пријателство

Бугарија ни даде сигнал за искрено пријателство, истакнал македонскиот премиер Зоран Заев на средбата во Софија со претседателот на бугарското Народно собрание Димитар Главчев.

Заев изразил надеж дека дека односите меѓу двете земји во иднина ќе се развиваат и продлабочуваат, соопшти прес-службата на бугарското Собрание.

Главчев потенцирал дека Бугарија има доследна позиција за поддршка на евоатлантската и европската перспектива на Македонија. Ќе работиме на градење односи на добрососедство на Балканот, а пример за тоа е подготовката за склучување договор за добрососедство, што ќе даде јасна регулатива за развој на билатералните односи, истакнал Главчев.

Заеднички став е дека склучувањето на договорот ќе го постави партнерството на двете земји на нова основа и ќе го отвори патот за интензивна соработка во сите сфрери.

Претседателот на Парламентот на Бугарија Димитар Главчев изразил и задоволство од смирувањето и стабилизирањето на политичката ситуација во Макаедонија.

На средбта е истакнато и дека значителен придонес во развивањето на соработката можат да дадат и добрите контакти меѓу парламентите на двете земји.