Македонија
27. October 2016 - 17:06

Заедница на власите: Бојкот за МПЦ, бидеќи Владиката Петар незаконски, на своја рака, сред полноќ ни одзема имот

Црквата Св. Константин и Елена, меѓу битолчани позната како влашката црква од неодамна е во сопственост на Преспанско – пелагониската епархија. Довчерашните сопственици на храмот - Комуната на власите Браќа Манаки до шокантното откритие дошле при постапка за легализација на дивоизграден дел од објектот кој го воделе пред надлежните институции.

Во Агенцијата за катастар им било речено дека промената на сопственоста на црквата била направена врз основа на налог од Централниот регистар. Црковниот одбор за одговор како дошло до новонастанатата ситуација се обратил кај битолскиот митрополит, кој им рекол дека написмено ќе им даде потврда дека тие се сопственици на црквата - понуда која била одбиена.

Комуната на власите Браќа Манаки бараат Синодот на МПЦ активно да се вклучи во решавање на проблемот.

Сопственоста на црковните објекти од една и јурисдикцијата над нив од друга страна, подолго време се проблем за МПЦ во Австралија. Недоразбирањата кулминираа со одземање на надлежностите на владиката Петар врз дел од црковните општини, по маратонските и милионски судски постапки пред надлежните австралиски судови.