-->
-->
Зад заклучени врати: Калуѓерка ги открива мрачните тајни на женскиот манастир
-->
Калуѓерки од еден италијански манастир биле принудени на пишуваат завети со сопствената крв, морале да се камшикуваат пред спиење и да јадат расипана храна. Ова го изјави една поранешна членка на редот Францискански од Безгрешното зачнување.
- Ќе си ја прободевме кожата со игли пред пишувањето и бевме среќни што можевме да го направиме тоа – рекла калуѓерката која сакала да остане анонимна.
Таа во детали открила како изгледало нејзиното служење во манастирот во 90-тите години за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Оваа калуѓерка, која во тоа време имала само 17 години, ја покажала старата хартиена икона од Богородица, која била покриена со кафеаво-црвени букви, за кои тврдела дека се нејзината крв.
- Ни беше кажано дека нашата врска со Бог на тој начин ќе биде посилна и поавтентична – открила таа.
Францисканските сестри после тоа морале да ги уништат картичките со заветот, но оваа калуѓерка одлучила да задржи една за себе.
- Напишав две и една зачував во куќата на моите родители – рекла таа.
Калуѓерката исто така тврди дека редовно јаделе бајата храна, како јогурт и конзервирано месо на кои им бил истечен рокот на траење.
Таа додала и дека старешините ги поттикнувале сестрите да се камшикуваат секоја вечер и тоа толку долго колку што им било потребно да измолат пет „Аве Марии“, пет молитви „Оче наш“ и пет „Слава на таткото“.
Ватикан наредил истрага за нејзините тврдења, а веќе е подготвено големо досие кое содржи сведоштва на уште неколку калуѓерки кои тврдат дека сите овие работи се случувале.
Но, лидерот на редот, отецот Стефано Мариа Манели (82) ги негирал сите обвиненија. Инаку, тој уште во 1982 година го започнал овој ред кој има девет манастири во Италија и уште шест ширум светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите