Македонија
23. March 2018 - 8:59

Забрани за камиони на Пресека, Стража и Маврово - Дебар

Забрани за движење на тешки товарни возила има на Пресека, Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Стража и Маврово.

Од 05:10 часот утринава е укината забраната за тешки товарни возила на на планинските премини Буково и Ѓавато, додека од 04:55 часот и забрнаат на  патниот правец  Македонски Брод - Прилеп преку планинскиот премин Барбарос.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.